Search

52 членови на озлогласената Ндрангета беа уапсени во рации низ Италија

Во Италија во голема операција против организираната криминална група „Ндрангета“ беа уапсени 52 лица.

Локалните медиуми јавуваат дека полицијата ја извршила операцијата „Карфантос“ против озлогласената криминална организација „Ндрангета“, со седиште во регионот Калабрија на југот на земјата.

Во акцијата учествувале околу 400 припадници на безбедносните сили, а приведени се 52 осомничени, јавува агенцијата „Анадолија“. На 38 осомничени им е одредена мерка притвор, а на шестмина им е одреден домашен притвор.

Останатите осум лица се пуштени да се бранат од слобода. Осомничените се обвинети за трговија со дрога, изнуда, грабеж и перење пари. Ндрангета е една од организациите кои ја контролираат трговијата со дрога што доаѓа во Европа и е позната како една од најопасните мафијашки формации во Италија.

Треба да знаете
Последни објави