Search

Суперкупот за кошаркарките на Баскет Кам 2011

Кошаркарките на актуелниот македонски шампион Баскет Кам 2011 го одбранија трофејот во Суперкупот, откако вечерва го совладаа составот на МЗТ Скопје Аеродром во 102-52.

Тимот од Македонска Каменица доминираше во текот на целиот натпревар во СРЦ „Кале“ во Скопје и заслужено дојде до својата втора Суперкуп титула во клупската историја.

Најефикасна во редовите на Баскет Кам 2011 и воедно на натпреварот беше Динева со 25 поени.

Во машкиот Суперкуп вечерва, исто така, во СРЦ „Кале“ ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и Феникс 2010.

Треба да знаете
Последни објави