Search

Претседателот на Кина ги отвори Азиските игри

 Пред 80.000 гледачи на стадионот во источнокинескиот град Хангжу, претседателот на Кина, Си Џипинг, денеска свечено ги отвори 19. Азиски игри.

Шефот на кинеската држава на церемонијата седеше во друштво на претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах и сирискиот претседател Башар ал Асад.

Кинеското знаме на свеченото отворање го изнесе униформирано воено лице, а прв тим кој се претстави на стадионот беше од Авганистан, чиј спортистки, сместени во странство бидејќи талибанското движење го забрани спортот за жените, чекореа заедно со своите машки колеги.

Игрите, кои беа одложени една година поради кинеските мерки против пандемијата на коронавирусот, ќе бидат најголемиот спортски настан во земјата во последните неколку децении со настап на околу 12.000 спортисти од 45 држави кои ќе се натпреваруваат во 40 спортови.

Организаторите не ги открија трошоците за одржување на Игрите, но локалната власт во Хангжу објави дека потрошила повеќе од 30 милијарди долари во подобрувањето на сообраќајната инфраструктура, сместувачките капацитети, стадионите и други објекти.

Треба да знаете
Последни објави