Search

Герасимовски: Кампањата на „BeActive“ не потсетува дека физичката активност не треба да ја занемаруваме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше дел од кампањата „BEACTIVE DAY“ за промоција на спортот и физичката активност која ја спроведува невладината организација ТАКТ. Од Паркот на Франкофонија градоначалникот Герасимовски порача дека иако трката во реализирање на секојдневните обврски ни го скратува денот ние мора да вежбаме, да ја одржуваме физичка активност и здравите навики за исхрана.

„BeActive“ преку овие кампањи не потсетуваат за важноста од физичката активност и потребата да бидеме фокусирани на промовирање и славење не само на физичката туку и на менталната и социјалната благосостојба на луѓето и навистина ова не смееме да го занемариме. Оваа кампања не само што има за цел да ја промовира физичката активност и здравиот начин на живот туку го промовира и меѓугенерациско дружење и поврзување меѓу семејствата, пријателите со цел да се зголеми колективна посветеност за поздрав и поактивен живот. Согласно ова Општина Центар повикува и ја промовира физичка активност и преку субвенциите за велосипеди преку новите велосипедски патеки и преку поставувањето на паркинзи за велосипеди на различни локации. И во оваа прилика упатувам порака, да возиме велосипеди и да не заборавиме да бидеме поактивни, тоа значи здравје, виталност и нова позитивна енергија“, истакна Герасимовски.

Настанот на кој присуствуваше и Кирил Баумгартнер Aмбасадорот на Франција во Македонија го разубаве Паркот на Франкофонијата. Поттикнувањето на физичката активност се одвиваше преку полигони за деца со игри за спорт за развој, дечиња кои возеа велосипеди, комбинирани сет вежби и присуство на граѓани кои домуваат во Домот за стари лица Феникс.

Треба да знаете
Последни објави