Search

Аријана Гранде во предбрачниот договор ги навела барањата во случај на развод: Ова се деталите

Неодамна беше објавено дека светски познатата пејачка Аријана Гранде по две години реши да стави крај на бракот со Далтон Гомез, а сега се откриени уште некои детали. Имено, како и повеќето светски ѕвезди, така и Аријана одлучила да потпише предбрачен договор пред венчавката.

Во него се наведува дека во случај на развод, Далтон мора да ја финансира Аријана, што е форма на алиментација. Покрај тоа, пејачката истакна дека сака целиот накит, лични работи, заработка и се што стекнала пред брак да остане нејзино. Од друга страна, постои и посебен начин на делење на стекнатото во брачната заедница, а судските трошоци ќе бидат подеднакво поделени.

Да потсетиме дека првите шпекулации дека „не е се во ред“ во нивниот брак се појавија кога Аријана ги отстрани сите свадбени фотографии од Инстаграм, а набрзо почна да се гледа со актерот Итан Слејтер, пренесува TMZ.

Ова одекна во медиумите бидејќи и двајцата во тоа време беа зафатени.

Можно е тоа да влијаело на нејзината официјална одлука да стави крај на бракот со Далтон. Според TMZ, пејачката наводно прво поднела барање за развод во понеделникот преку нејзината адвокатка Лора Васер. Како причина беа наведени непомирливите разлики. Набргу потоа, адвокатот на Далтон наводно исто така поднел тужба.

Треба да знаете
Последни објави