Search

Расте протокот на товарни возила на македонските граници

Во месеците јуни, јули и август 2023 година, пораснал бројот на товарни возила што влегуваат и излегуваат преку македонските граници, споредено со истиот период лани, покажуваат статистиките од Царинската управа, за 24инфо.мк.

Растот на излезени товарни возила е најочигледен кон соседна Грција. Таму, преку граничниот премин Богородица во јуни, јули и август 2022 година излегле 32 260 товарни возила, додека оваа 2023 година излегле 37 343 што е за за над 5 000 возила повеќе, односно раст од над 17 отсто.

За над 15 отсто расте и излезот на ГП Меџитлија, исто кон соседна Грција каде во конкретните три месеци од 2022 година излегле 6 316 товарни возила, а оваа година излегле 9 374 возила, а нешто понисок е процентот на влез во Македонија од грчка страна.

Преку ГП Табановце со соседна Србија годинава во јуни, јули и август излегле 40 774 товарни возила што е зголемување од околу во однос на истите месеци лани кога излегле 38 680 возила, што е раст од речиси осум отсто. Преку овој граничен премин годинава во државата влегле за над 2 000 товарни возила споредено со истиот период.

Раст на излезот и влезот на товарни возила се забележува и на граничните премини Деве Баир, Ќафасан и Блаце, што е показател дека трговската размена со странство постојано се зголемува, а македонската економија по периодите на економска, здравствена и енерегетска криза се враќа во нагорна линија.

Но, растот на влез и излез на товарни возила од сите страни на границите е показател и за зголемена трговска размена и со земјите членки на Отворен Балкан (Македонија, Албанија, Србија) но и со земјите членки на ЕУ (Бугарија и Грција).

Од Царинската управа велат дека согласно нивните капацитети и преку почитување на сите професионални аспекти, прават се за товарните возила да се задржуваат што помалку на терминалите и што побрзо да ја достават стоката до крајните одредишта.

Треба да знаете
Последни објави