Search

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите Македонци кои добиле бугарски пасош

Бугарија јавно ќе ги објавува имињата на сите Македонци кои добиле бугарски пасош – ова го предвидуваат измените на бугарскиот закон за државјанство кои го поминаа првиот собраниски филтер кај нашиот источен сосед. Измените кои се предлог на лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов, предвидуваат регистарот на сите кои имаат државјанство да биде јавен, а јавна ќе биде и церемонијата за доделување на бугарски документи. Предлог изментие со 174 гласа ЗА и 6 воздржани поминаа во првото читање, а би стапиле на сила по второто читање и гласање во бугаското собрание.

-Се предлага сите укази со кои се добива, востановува, ослободува или лишува од бугарско државјанство да бидат објавени во Службен весник. На тој начин ќе се даде можност на општеството да биде информирано. Се предвидува и лицата кои добиле бугарско државјанство да ги добијат уверенијата на посебна официјална процедура, изјави Марин Маринов пратеник од ГЕРБ – СДС.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека во Македонија има 120 илјади граѓани кои добиле бугарски пасош, а меѓу нив има многу бивши и актуелни политичари, пратеници, министри, јавни личности… Според него, со измените на законот за државјанство и преку јавната објава на имињата, тие ќе бидат заштитени од говор на омраза и дискриминација во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави