Search

Јужнокорејски автомобилски гигант инвестира 12,6 милијарди во нов погон за електрични автомобили

Јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai Motor Group објави дека ќе инвестира 12,6 милијарди долари во изградба на погони за електрични возила и батерии во САД.

Hyundai ќе издвои 7,59 милијарди долари за фабрика во округот Брајан, Џорџија, која ќе вработи повеќе од 8.500 работници.

Во соработка со SK Ona, компанијата ќе инвестира и пет милијарди долари во фабрика за батерии во округот Бартоу, која ќе вработи приближно 3.500 работници, се вели во соопштението за печатот објавено во вторник.

Техничкиот државен универзитет Џорџија и неговиот Технолошки институт потпишаа меморандум за разбирање со Hyundai Motor Group, во кој се наведени соработката за истражување и примена на нови технологии, вклучувајќи ја економијата на водород и развојот на работната сила.

Hyundai истакна дека во наредните години ќе создаде економска вредност во Џорџија која ќе се мери во десетици милијарди долари и ќе помогне во отворањето на околу 40 илјади работни места.

Треба да знаете
Последни објави