Search

Франција бара од ЕУ укинување евтини авионски билети

Франција побара помош од ЕУ за да се разгледа укинување на евтините авионски билет за да се намали загадувањето, како и да се воспостават минимални цени на летовите, пренесоа европските медиуми.

На почетокот на годината оваа земја предложи да се укинат супер евтините билети, бидејќи тоа на ниту еден начин не помага да се заштити планетата од штетни гасови. Истражување од 2014 година покажа дека 37 отсто од Европејците никогаш не патувале надвор од својата земја. Франција уште порано ги забрани домашните летови и ги замени со патувања со воз кои траат помалку од 2,5 часа. Но, оваа идеја успеа само на одредени линии, бидејќи земјата се соочи со проблеми на железницата и доцнење на возовите.

Истражувањето на групата за климатски кампањи „Можно“ покажа дека граѓаните на Франција генерално се помалку ориентирани кон воздушниот сообраќај во споредба со другите во Европа. Иако возовите со години се прогласуваат за поодржлива алтернатива за патување, во некои европски земји таквото патување е дури и поскапо од летовите. Сепак, потврдено е дека околу 12 железнички линии се побрзи, поевтини и посигурни од летовите на околу 112 најважни линии.

Треба да знаете
Последни објави