Search

„Пелистерка“ доброволно се приклучи на мерките на Владата, ги намали цените за 10 отсто

Согласно повикот на Владата компаниите кои не се опфатени со најновите мерки за намалување на цените на прехранбени производи да покажат општествена одговорност и доброволно да извршат намалување на цените на своите производи, Пелистерка АД Скопје донесе одлука да ја поевтини целата своја палета производи за 10%. 

„Како општествено одговорна компанија решивме доброволно да се приклучиме во мерките на Владата и да ги намалиме цените на нашите производи за 10%. Со овие мерки Владата очекува да се намали ценовниот удар врз населението предизвикан од порастот на цените на производите, а како последица на глобалните економски состојби и истовремено да се влијае на намалување на инфлацијата во наредниот период. Оттаму и ние во Пелистерка, како силен бренд чии производи се омилени кај населението,  решивме да се приклучиме кон мерките на Владата бидејќи нејзините ефекти се за добробитта на нашите потрошувачи, економијата и државата во целина“, велат од Пелистерка.

Со намалувањето на цените за 10% ќе бидат опфатени сите производи на компанијата, односно  палетата од сегментот води под брендот Пелистерка.

Треба да знаете
Последни објави