Search

Николоски: Соработка со Ахмети во било која варијанта, форма и начин нема да има

Со Али Ахмети е исклучена секаква соработка во било која варијанта, во било која форма, на било кој начин. Нема да има соработка со Ахмети, атегоричен беше Александар Николовски потпретседател на ВМРО ДПМНЕ на гостувањето на радио Лидер, и додаде: -Ние сме многу сериозни дека ДУИ ќе оди во опозиција, јас сум свесен дека до првиот круг најголем дел од политичката елита и дел од граѓаните во Македонија мислеа дека блефираме и дека го правиме тоа за политички поени. Свесен сум дека во овој момент има граѓани кои сеуште мислат дека ова го правиме како политичка игра, но ние ова ќе го реализираме и нашата поддршка после изборите ќе расте затоа што ќе видат дека го држиме зборот како што го одржавме дека нема да има измени на Уставот под бугарски диктат и немаше“, рече меѓу другото Николовски, носител во ИЕ 4.

Треба да знаете
Последни објави