Пензионерски синдикат на Македонија го честита Денот на пензионерите – 20 Септември

“Честитка по повод денот на пензионерите“

По повод Денот на пензионерите 20ти Септември на сите пензионерки и пензионери, на сите членови на Пензионерскиот синдикат, им го честитаме Денот на пензионерите и им посакуваме добро здравје, долг живот и благосостојба.

Уште од своето основање Пензионерскиот синдикат се залага за подобрување на социо-економскиот статус на пензионерите во Македонија и во тој поглед барањето да се изврши нивелирање на пензиите со едно линеарно услогласување го смета за оправдано и потребно.

Сметаме дека ова нивелирање на пензиите е првата работа која треба да се направи, за потоа да се усогласат останатите пензии согласно порастот на минималната пензија.

Сметаме дека измената на член 37 од законот за ПИО согласно кој усогласувањето на пензиите се прави врз основа на движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50% е добра основа за понатамошно усогласување на пензиите.

Пензионерскиот синдикат со своето членување во ФЕРПА ( Европската федерација на пензионери и стари лица) со седуште во Брисел, согледа дека во одредени земји минималната пензија е поставена на 45% од нето исплатена просечна плата и истото се злага да биде пракса и кај нас.

Согласно податоците од ДЗС и ПИОМ за месец јуни минималната пензија изнесува 34% ( 12.493 ден.) од просечната нето исплатена плата, а доколку биде 45% таа би изнесувала 16.437 ден.

Просечната пензија која во овој момент е помала од минималната плата ( 19.106 ден.) предлагаме да биде 60% од просечна нето исплатена плата, односно истата да изнесува 21.916 ден.

Честит ден на пензионерите со надеж дека ќе успееме да се воведе минимална пензија во државата, за подобар стандард на сите пензионери.

Треба да знаете
Последни објави