Search

Каевски: Мицкоски да одговори за диловите со Груевски и барањата за амнестија

-Внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ очигледно се големи. СДСМ нема намера да се меша во меѓусебната пресметка во ДПМНЕ и анти-ЕУ кампот. Мицковски да не остави надвор од внатрешните поделби и сам да си ги решава кавгите во ДПМНЕ. Особено што токму Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски, рече на прес конференција Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.

Тој запраша дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него?

-Политиката на блокада на Мицковски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него. За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава. Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицковски е толку нервозен, рече Каевски.

Додаде дека СДСМ ќе направи се и нема да дозволи Мицковски или кој било повторно да ни ја земе државата како заложник.

-Заедно со граѓаните и со проевропските политички партии ќе продолжиме да се бориме за европска Македонија додека не ја достигнеме државната цел за членство во ЕУ, потенцираше Каевски.

 

Треба да знаете
Последни објави