Search

Владата го врати предлог Законот за амнестија на дополнително усогласување со надлежните институции


Владата, на денешната седница го разгледа и текстот на Предлог законот за амнестија предложен од страна на Министерството за правда. По разгледувањето на состојбите во областа што треба да се уреди со законот, целите, начелата и основните и конкретни решенија опишани во текстот на Предлог законот за амнестија, Владата констатираше дека постои потреба од дополнително усогласување на Предлог законот за амнестија со надлежните институции, информираше попладнево владината прес служба.

Треба да знаете
Последни објави