Search

Спасовски на средба со новиот амбасадор на Австрија, Мартин Памер 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари протоколарна средба  со новоназначениот аамбасадор на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер на која станало збор за одличната соработка меѓу двете земји.

Република Австрија е странски инвеститор број еден во нашата земја, а истовремено се нагласи одличната соработка во полето на внатрешните работи, како и посветеноста на различни актуелни теми, како што се регионалната и глобалната безбедност, борбата против тероризмот, кибер криминалот, борбата против криумчарење на луѓе и илегалната миграција, како едни од приоритетните области.

Треба да знаете
Последни објави