Search

Италија, Грција и Србија со најмногу заболени од западнонилска треска во Европа, заразата сега ја шират и домашните комарци

Досега во Србија се потврдени 69 случаи на заболени од западнонилска треска, кои се пренесуваат од заразени комарци. Епидемиолозите велат дека бројот на заболени е многу поголем, а на лекар одат само пациенти кои имаат компликации и имаат потреба од болничко лекување.

Во текот на оваа година, пријавени се вкупно 387 случаи на западнонилска треска кај човечката популација во земјите на Европската унија (ЕУ) и Европската економска заедница (ЕЕА), и тоа во: Италија (203), Грција (100) , Србија (69), Романија (39), Франција (18), Унгарија (19), Германија (3), Шпанија (4). Регистрирани се и 29 смртни случаи поврзани со западнонилска треска и тоа: во Грција (13), Италија (9), Романија (6) и Шпанија (1). Еден случај на починат од западнонилска треска е пријавен и во Северна Македонија.

Епидемиолозите појаснуваат дека бројките на заразени се сигурно многу поголеми но кај лекарите доаѓаат само пациенти со сериозна клиничка слика. Како главен виновник за ширењето на оваа заразна болест ги посочуваат климатските промени бидејќи сега заразата ја шират и домашните комарци. Ообено загрозени се медитеранските земји, а тоа го потврдуваат и извештаите за бројот на заразени од Италија и Грција.

Западнонилската треска не може да се искорени. Она што може да се направи е да се намали бројот на комарци во урбаните средини и во туристичките места е со прскање. Ако човек оди во природа, тогаш мора индивидуално да се заштити.

Треба да знаете
Последни објави