Search

Дрон со експлозив слета во одморалиште на Црното Море, Бугарија испрати специјална единица

Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило специјална единица која треба да го прегледа и деактивира беспилотното летало со експлозив што вчера вечер слета во црноморскиот град Тјуленово, јавуваат бугарските медиуми.

Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница.

Локалните медиуми објавија дека дронот бил долг меѓу 3 и 3,5 метри и дека на него бил прикачен контејнер со експлозив.

Треба да знаете
Последни објави