Search

Битиќи на 78-то Генерално Собрание на ООН

Како дел од официјалната државна делегација на 78-то на Генерално Собрание на Обединетите нации во Њујорк, предводена од претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски, денеска присуствував на отворањето на Самитот за одржлив развој, на кој на највисоко ниво ќе се разгледува остварувањето на Целите за одржлив развој, кои се дефинирани во рамки на Агенда 2030, на 15 септември 2015 година, од страна на 70-тото Генерално Собрание на ОН, а се однесува на период до 2030 година, објави денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На половина од временскиот период до поставената временска граница за исполнување на Агендата 2030, план кој е насочен кон луѓето, планетата и просперитетот. Годинешниот Самит има за цел да обезбеди сеопфатен преглед на состојбата со остварувањето на 17-те Цели на одржлив развој, да даде политички одговор на влијанието на повеќекратните и испреплетени кризи во светот, кои ги нарушуваат глобалните напори во нивното остварување. Над 80 политички лидери во рамки на Самитот ќе изградат и понудат политичко водство во насока на идентификување на клучните лостови за трансформативни промени, мобилизација на технологија, финансии, нови иницијативи и обврски кои ќе водат кон остварување на целите во нивниот предвиден рок до 2030 година, преку денеска усвоената Политичка декларација.

Очекувам дека ќе се пронајде политичка волја и ќе се изгради меѓудржавна солидарност и консензус, преку кои идните политики ќе бидат балансирано насочени кон обезбедување на развој и подобар квалитет на живот за секого и насекаде.

Владата на Република Северна Македонија во градењето и имплементирањето на своите национални развојни политики покажува конзистентност во своите заложби за остварување на одржлив развој, обврзувајќи се на имплементирање на принципот “никој нема да биде изоставен“ и спроведување на Агендата 2030. Владата ја реафирмираше својата посветеност кон реализација на Агенда 2030, а напредокот беше забележан преку брза Интегрирана Проценка, со која се утврди дека националните развојни документи имаат 83% усогласеност со Целите за одржлив развој, кои денес во Њујорк се во фокусот на политичкото внимание на светот.

Владата посветено продолжува со своите напори за целосно усогласување на националните политики и законодавната рамка со сите 17- Цели за одржлив развој. Стратешка определба на Владата е Националната развојна стратегија (НРС) во која овие цели се поставени како основни демаркациони точки кои во следните 20 години треба го оцртаат севкупниот развој на нашата земја. Преку инклузивен процес на вклучување на сите чинители во општеството, во кој учествуваа преку 3.000 граѓани, создадовме позитивна средина за национален консензус околу долгорочните развојни приоритети кои нашата држава ќе ја вбројат во една од државите кои спроведуваат конкретни активности за остварување на глобалните Цели на одржлив развој.

Под водство на мојот Кабинет ќе се ажурира владиниот систем за е-влада, кој ќе вклучува специјални модули за следење на имплементацијата на Агенда 2030, преку кои во реално време ќе се следи во кој степен нашите институции и политиките кои ги реализираат ја доближуваат нашата земја кон остварување на некоја од Целите на одржлив развој.

Верувам дека по овој Самит, кај политичките лидери ќе се врати чувството на надеж, оптимизам и ентузијазам за остварување на Целите за одржлив развој.

Треба да знаете
Последни објави