Search

Четворицата Грци од спасувачкиот тим загинаа во сообраќајна несреќа веднаш по пристигнувањето во Либија

Четворицата Грци од спасувачкиот тим загинаа во сообраќајна несреќа веднаш по пристигнувањето во Либија за да учествуваат во операциите за пребарување и спасување во областите погодени од поплавите.

Несреќата се случила кога грчкиот тим составен од вкупно 19 лица бил на пат од Бенгази кон Дерна.

„Во несреќата се повредени 15 лица, од кои седум се во тешка состојба“, изјави министерот за здравство во владата на истокот на Либија, Осман Абделџалил.

Од Министерството за надворешни работи на Грција соопштија дека по сообраќајната несреќа „во координација со Министерството за национална одбрана, ОН и Европската унија, генералниот конзулат на Грција во Бенгази е во состојба на готовност за обезбедување помош за делегацијата и да помогне во враќањето во Грција“.

Како што претходно објави МИА, Грција денеска испрати хуманитарна помош во Либија, односно медицински и болнички персонал, медицинска и фармацевтска опрема и храна.

Треба да знаете
Последни објави