Search

СДСМ: Два концепти – СДСМ за ЕУ од една и ДПМНЕ против ЕУ од друга страна

Во историскиот момент за евроинтегративниот процес на државата, кристално е јасно СДСМ е предводник на европскиот концепт на државата, додека од другата страна, ДПМНЕ е против ЕУ.

СДСМ е за ЕУ, како основна стратешка цел на државата и важен чекор кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, поголеми плати и пензии, пристап до европските фондови, подобри услови за компаниите, европски вредности и стандарди.

Од друга страна ДПМНЕ е против ЕУ. Ги манипулира граѓаните со лаги за наводна бугаризација, асимилација, губење на идентитетот и јазикот, наводен бугарски диктат, со безаргументирано противење на уставните измени го блокира европскиот пат на државата и европската иднина на народот.

Премногу време помина во чекање. Од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година поминаа 18 години, лани ги започнавме преговорите за членство, сега шансата за исчекор е голема, вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери јасна и потврдена.

Сега е време за преземање акции и за цврсто и храбро чекорење кон Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави