Search

Прв Фестивал за миленици „Пет фест Скопје“

На летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градскиот парк Скопје, денеска ќе се одржи првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест Скопје“, со 12-часовна програма исполнета со забавни и едукативни содржини за деца и возрасни, како и за нивните миленици.

Целта на настанот е да се подигне јавната свест за чување миленик, љубовта кон животните и одговорното сопствеништво. 

Во разговор за МИА организаторот на фестивалот, Илија Петковски вели дека милениците. имаат се поважна улога во градењето на стабилноста и хармонијата во домот, бидејќи тие им овозможуваат на децата уште од најрана возраст да научат хириеархија, другарство, споделување, игра и секако подобрување на имунитетот.

Треба да знаете
Последни објави