Search

Бојчевски, партиски човек кој го предводи независниот синдикат на здравствени работници

Боби Бојчевски, национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници кој повикува на протести е добро познат лик на македонската политичка сцена. 

Бојчевски е докажан партиски активист на ВМРО-ДПМНЕ и општинскиот комитет на оваа партија во скопски Бутел. 

Човекот кој се претставува како предводник на независниот синдикат на здравствените работници, е и тоа како зависен од политичка партија. 

Во 2017 година, името на Бојчевски беше најспомнувано како иден кандидат за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно беше претседател на Совет во оваа општина.

Бојчевски на парламентарните избори 2014 и 2016 бил и кандидат за пратеник во Изборната единица 2 на листата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Но она, што е најинтересно е што Бојчевски бил и меѓу 544 делегати на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово во 2017 година. 

Тоа е конгресот по кој на чело на партијата доаѓа Христијан Мицкоски, откако функцијата ја напушта Никола Груевски. 

Дека не станува збор за независен човек, туку за партиски ативист коментираат и граѓани на социјалните мрежи. 

“Независниот” Боби беше и дел од кандидатите за пратеници во ИЕ2, кога Јанкуловска ги предводеше. Во 2017, овој Боби беше и делегат во ЦК на вмро. Значи може да биде сѐ, освен независен – коментира еден корисник на социјалната мрежа Х (Твитер).

Бојчевски во својата партиска кариера бил и претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Бутел, а јавно барал поддршка и за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ на последните претседателски избори, Гордана Силјановска Давкова.

На крајот, јавноста со право се прашува дали докажан партиски активист како Бојчевски има право да се нарекува независен и на јавноста да и порачува „заборавете на партии“.

Треба да знаете
Последни објави