Search

Околу 40 луѓе кренале автобус за да го ослободат младиот човек заробен под тркало

Во Берлин, околу 40 луѓе кренаа автобус од јавниот превоз за да ослободат млад човек кој беше заробен под задното тркало, соопшти полицијата во германската престолнина.

Властите соопштија дека 18-годишникот бил прикован со гума на задната оска кога паднал додека трчал да фати автобус кој се оддалечувал од станицата во понеделникот.

Полицијата навела дека возачот веднаш го запрел автобусот и дека со помош на околу 40 луѓе успеал да ја подигне десната страна на автобусот доволно високо за да го извлече младиот човек, пренeсе АП.

Младиот човек се здобил со повреда на раката, гребаници, модринки и бил пренесен во болница каде му била извршена операција, соопшти полицијата.

Берлинската полиција го истражува инцидентот.

Полицијата соопшти дека е импресионирана од колективната спасувачка акција и ги нарече херои лицата кои се вклучиле.

Треба да знаете
Последни објави