Search

Калифорнија им објави „војна“: Големите нафтени компании на суд поради ризиците од користење фосилни горива

Американската сојузна држава Калифорнија поднесе тужба против големите нафтени компании, вклучувајќи ги Exxon Mobile, Shell и Chevron, обвинувајќи ги дека ги минимизираат ризиците од користењето фосилни горива.

Како што пренесува Ројтерс, во тужбата на сојузната држава Калифорнија, која се однесува и на Бритиш Петролеум (БП) и Коноко Филипс, се наведува дека постапките на тие енергетски гиганти предизвикале штета од десетици милијарди долари, како и обвинувања за лажење на јавноста.

Како обвинет во овој случај се спомнува и Трговската групација Американскиот институт за нафта.

Гореспоменатиот институт за нафта рече дека Конгресот е тој што треба да дебатира и да одлучува за климатската политика, а не судскиот систем.

Во соопштението на компанијата Шел се наведува дека „не веруваат дека судницата е вистинското место за решавање на климатските промени“.

Тужбата на државата Калифорнија следи по десетици слични тужби поднесени од други држави и општини низ САД во последниве години против компаниите за фосилни горива кои главно наведуваат штета од катастрофи поврзани со климата.

Калифорнија побара создавање на фонд за поправка на идните штети предизвикани од климатските катастрофи во таа сојузна држава.

Треба да знаете
Последни објави