Search

Тројца фудбалери на мадридски Реал уапсени поради сексуални снимки

Шпанската полиција соопшти синоќа дека уапсила најмалку тројца фудбалери на младинскиот тим на Реал Мадрид под обвинение дека дистрибуирале видеоснимка на која се гледа полов однос со малолетно лице.

Весникот „Ел Конфиденсиал“ објави претходно дека станува збор за еден фудбалер од фудбалската академија на Реал, како и по еден играч од вториот и третиот тим на Кралскиот клуб.

Истиот извор наведе дека полицијата презела акција врз основа на пријава која уште на 6 септември на Канарските острови ја поднеле мајката на малолетната жртва. 

Треба да знаете
Последни објави