Search

Се отвора првиот IQOS бутик со мурал инспириран од духот на Скопје

Првиот IQOS бутик во Македонија се отвора денеска во трговскиот центар Ист Гејт Мол. Со отворање на оваа концептуална продавница, чие работно време е секој ден од 10 до 22 часот, во најексклузивната шопинг зона во главниот град, се проширува мрежата на достапност и поддршка за сите возрасни пушачи кои сакаат да се информираат за подобрите алтернативи на цигарите и да се префрлат на категоријата производи базирани на технологија за загревање, наместо согорување на тутунот.

IQOS бутикот обезбедува уникатно корисничко искуство и информации за производи базирани на технологијата за загревање на тутун, кои се произведени или дистрибуирани од светскиот лидер во оваа категорија Филип Морис Интернешнал на нашиот пазар. Во рамките на IQOS бутикот, покрај што ќе може да ги купат уредите, сите полнолетни пушачи кои инаку би продолжиле да пушат, ќе можат да се запознаат и да дознаат повеќе за нив, нивното користење и напредната технологија, a за постоечките корисниците ќе бидат достапни и услугите како чистење на уредите, купување аксесоари, замена на стар уред за нов, корисничка поддршка и друго.

Продолжувајќи ја нишката на развој која ќе обезбеди уште пософистицирано искуство за корисниците, првиот IQOS бутик е уреден во соработка со двајца наши врвни уметници, Сања Симоска и Сали Ертунч, кои што оригинално го разубавија просторот, му дадоа автентичен локален „зачин“ и визуелно го збогатија.

Во развојот на иновативната технологија на овој уред, компанијата Филип Морис Интернешнал вложи над 10 милијарди долари во текот на десет години истражувачка работа и посветеност на повеќе од 1500 врвни научници и експерти. Уредот е достапен во 80 земји во светот, а повеќе за технологијата без чад можете да дознаете на: PMI Science | Philip Morris International.

Треба да знаете
Последни објави