Search

Јувентус најде замена за Погба во Парти

Италијанските медиуми јавуваат денеска дека Јувентус ќе го ангажира играчот за врска на Арсенал, Томас Парти како замена за Пол Погба во случај да биде потврдено дека францускиот фудбалер користел допинг.

На Погба му се заканува четиригодишна суспензија, откако позитивниот наод со траги од тестостерон беше пронајден во неговата крв по натпреварот од италијанското првенство меѓу Удинезе и Јувентус, одигран на 20 август.

Јувентус на тоа гостување во Удине победи со 3-0, а 33-годишниот Погба го проследи целиот натпревар од клупата за резерви.

Погба е суспендиран по автоматизам додека, според протоколот, не се изврши повторено тестирање.

Парти беше поврзуван ова лето со трансфер во италијански клубови, но лондонскиот клуб не сакаше да се откаже од услугите на 30 – годишниот репрезентативец на Гана.

Парти во Арсенал дојде во 2020 година од Атлетико Мадрид, настапувајќи претходно за Мајорка и Алмерија. 

Треба да знаете
Последни објави