Search

Тајван забележал 68 кинески воени авиони и 10 воени бродови во близина на островот

Тајван денеска соопшти дека Кина кренала 68 воени авиони и распоредила 10 воени бродови во близина на островот за неколку часа.

-Шеесет и осум авиони на Ослободителната народна армија и 10 бродови на кинеската морнарица се забележани околу Тајван, се вели во соопштението на тајванското Министерство за одбрана.

Тајпеј вчера соопшти дека за само неколку часа биле забележани 35 воени авиони, од кои некои се упатиле кон западниот Пацифик за да му се придружат на кинескиот носач на авиони Шандонг како дел од „заедничката поморска и воздушна вежба“.

Во текот на викендот, американски и канадски воени бродови поминаа низ тајванскиот теснец.

Претходно оваа недела, Кина испрати поморска формација предводена од носачот Шандонг на југоисточниот дел на Тајван.

Треба да знаете
Последни објави