Search

Зоран Заев за грчка телевизија: Европската агенда не е сон туку реланост за Македонија

По долго време Европската агенда не е веќе сон туку реалност за Македонија. Добивме временска рамка дека 2030 година е реална можност земјава да стане членка на Европската унија и тоа ме прави оптимист – изјави поранешниот премиер Зоран Заев за грчка телевизија “One Chanel”.
Тој додава дека сега останува да се убеди опозицијата дека сега е вистинскиот момент да за забрзаат обврските кои како земја ги имаме и да се придвижиме напред најбрзо што можеме ако сакаме да останеме заедно со останатите земји кандидати од регионот кои ќе се приклучат кон Унијата во 2030 година.

-Чекањето и ставањето на европските интегративни процеси  на пауза не е стратегијата која ни треба. Мора да останеме во процесот на преговори и да се движиме напред за да бидеме препознаени како земја која ги промовира европските демократски вредности – смета Заев.
Во месеците кои следат, вели поранешниот премиер, ЕУ ќе донесе клучни одлуки во однос на проширувањето и реформите внатре во Унијата.

-Носиме важни одлуки за иднината на земјата и иднината на следните генерации како и за напредонот на државата. Само со силна волја, доборососедски односи и европска перспектива ќе успееме да стигнеме до членство во ЕУ- Изјави Заев за “One Chanel”

Треба да знаете
Последни објави