Search

УНЕСКО решава за статусот на Охрид и Охридското Езеро кој беше загрозен од политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

Во Ријад, Саудиска Арабија, на 45-та сесија на Комитетот за светското кулурно наследство, се очекува да биде соопштено мислењето на УНЕСКО за статусот на Природното и културното наследство на Охридскиот регион, откако на почетокот на година Северна Македонија и Албанија го предадоа извештајот за преземените активности во насока на превенција и заштита на природните и заштитени убавини на Охрид и регионот околу Охридското Езеро како и за движното и недвижното културно наследство.

Порталот Рацин.мк во својата анализа прави осврт на се она што се случуваше во изминатите години, што доведе Охрид, Охридското Езеро и регионот да бидат соочени со ризикот наместо да останат на листата на светското културно наследство под заштита на УНЕСКО, да бидат ставени на листата на природни и културни споменици во ризик. 

Парапетчето на Груевски и аеродромот на вода на Субрата Рој

Уште не им беше косата спуштена на експертите во УНЕСКО од идејата на Никола Груевски да се изгради парапетче од барем дваесетина сантиметри околу Охридско Езеро, со кое, според генијалната замисла на тогашниот премиер, македонскиот туристички бисер ќе добиеше брана за песокот што требаше да се распостеле по охридските плажи, кога дојде новиот мегаломан Субрата Рој.

Тој дојде со идеја од Охрид и езерото на да направи супермодерен Лас Вегас со аеродром на вода на којшто ќе слетуваат приватните авиони на белосветските милијардери. За среќа проектот остана само на идеа, откако се крена тогашната јавност, но и откако братот Рој заврши во некој од индиските затвори за корупција и за измама.

Владата на СДСМ и коалицијата, освен што ја откажа изградба на ски-центар на Галичица, се откажа од плановите за изградба на подсквенците А и Е од патот А3 од Коридорот 8, според препораките на УНЕСКО, а средствата предвидени за тој дел од патот ги пренамени за регионални патишта низ Македонија.

Она што остана како обврска за спроведувањето на препораките на УНЕСКО е постојаната „борба“ со локалните самоуправи во Охрид, Струга и Дебрца, кои на развојот на општините му даваа предност во однос на статусот на Охрид и регионот на Охридското Езеро како светско културно наследство.

Политиките на државата за Охрид и Охридското Езеро на тест пред УНЕСКО

Во насока на која посочува министерката за култура Костадиновска-Стојчевска, започната е постапка за изработка на Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за заштитена зона на крајбрежен појас на Охридското Езеро.

Изработени се измени на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење со кој се заострува режимот на заштита во Старото градско јадро.

Од листата преземни мерки и обврски вредно е да се издвојат проектите и студиите за валоризација Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје и кое, заедно до Охридското Езеро е предложено да бидат прифатени како Рамсар подрачја, односно како водни живеалишта на ретки видови од меѓународно значење.

Со тоа се стави крај на уште една мегаломанска приказна којашто предвидуваше Студенчишко Блато и дел од крајбрежјето да бидат жртви за сметка на нова марина и пристаниште кои УНЕСКО исто така ги виде како сериозен ризик за автентичноста и универзалните вредности на Охрид, Охридското Езеро и регионот.

Статусот Светско наследство на УНЕСКО е најпрестижната титула што едно подрачје или локалитет може да ја добие. За едно место да биде прогласено за светско наследство се подготвува опсежна документација која треба да ја докаже неговата исклучителна вредност и важност за човештвото денес и во иднина.

Целата анализа на следниот линк

Треба да знаете
Последни објави