Search

Судир во опозицијата – Апасиев го обвини Мицкоски дека му ги саботирал протестите против случувањата на Онкологија

Лидерот на Левица Димитар Апасиев жестоко го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Апасиев смета дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го саботираат протестот против случувањата на Клиниката за онкологија, кој Апасиев очигледно го смета за свој.

,,Каде се чуло и видело, најголема опозициска партија да саботира АНТИВЛАДИНИ ПРОТЕСТИ!? У време на Грујо правеа списоци за одење на протест, у време на Мицко ги запишуеле тие шо дошле на протестот за Онкологија, за да ги санкционираат у партија. Ги викале “апасиевисти”!?

Во меѓувреме, ДПМНЕвски градоначалници се на платено прекуокеанско перење мозок во Америка, а амнестијата на партиската елита е завршена работа. И, викате, нема да има Бугари у Устав?

#ДПМНЕгоПродадеКучата” стои во објавата на Апасиев на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави