Search

Општина Аеродром: Непријатниот мирис и чад што се шират во Аеродром доаѓаат од околината на градот, апелираме до надлежните итно да го решат проблемот

По реакциите од страна на граѓаните на Општина Аеродром за непријатниот мирис кој се шири на територијата на општината, општинските инспектори вчера попладне излегоа на терен, при што затекнаа пожар во близина на препумпната станица „Лисиче“, а истиот беше веднаш локализиран од страна на противпожарната служба. Но, овој пожар не претставува причина за чадот кој се ширеше на територија на Општина Аеродром, велат од општината.

– Воедно, од нивна страна беше констатирано дека чадот и мирисот се предизвикани од пожари кој доаѓа од други општини во градот Скопје и околината. Во насока на решавање на проблемот, а со оглед на тоа дека надлежностите на општинскиот инспекторат се само на нашата територија, Општина Аеродром во неколку наврати реагираше за нивно гасење, соопштува општина Аеродром.

Од општината уште еднаш ги повикаа надлежните служби да ги преземат сите неопходни мерки за решавање на проблемот.

Општина Аеродром и понатаму стои на располагање за решавање на сите проблеми кои се во надлежност на општината, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави