Search

Приведено лице од Чучер Сандево, бил затекнат со две товарни возила со огревно дрво без документација

Вчера, во 18.40 часот кај место викано „ Две Реки” на Скопска Црна Гора, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Мирковци, го лишиле од слобода С.А.(47) од с.Брест, општина Чучер Сандево. 

Имено, на наведеното место тој бил затекнат во непосредна близина на товарно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки и товарно возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, кои биле натоварени со огревно дрво без жиг и без соодветна документација за транспорт. 

За настанот било известено Јавното претпријатие „Национални шуми”, а лицето и возилата биле предадени во Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави