Search

Авиони на ДЗС вклучени во гаснење на пожарот кај Зрзе

 Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) полетаа кон пожарот во атарот на село Зрзе поради непристапниот терен на кој се рашири крак од пожарот, информираат од Центарот за управување со кризи.

-Долната страна на пожарот кон селото  и манастирот Зрзе е под контрола, информираат од ЦУК.

На територија на Општина Долнени вчера попладне избувнаа два пожара, над манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен, со зафатена висока трева, нискостеблеста шума, како и дабова шума и шума од габер, како и над селото Кошино каде што, освен висока сува трева, гори и квалитетна дабова шума. По интервенцијата на прилепските пожарникари и засилувањето од воздух, од ЦУК соопштија дека нема опасност по манастирот и селото Зрзе, ниту по селото Кошино.

Треба да знаете
Последни објави