Search

Украина: Русија изврши напад со дронови врз Киев во текот на ноќта

Украинските власти соопштија дека Русија извршила напад со дронови врз Киев во текот на ноќта и дека експлозиите одекнувале два часа.

Делови од соборените беспилотни летала паднале на неколку централни градски области – Дарницки, Соломјански, Шевченковски, Свијатошински и Подил.

Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека едно лице е повредено во населбата Подил, а избувнал пожар во еден од градските паркови. 

Треба да знаете
Последни објави