Search

Уклет брод: Беше гордост на поранешна Југославија, а сега никој не го сака

Работата за реставрација и пренамена на бродот Галеб во пловечки музеј е во завршна фаза, но проектот сé уште не е завршен од причина што и на вториот тендер за хотелско-угостителски објект, за кој Градот Риека планира да бидат наменети 993 метри квадратни од површината на бродот, никој не се пријавил.

Градот Риека сега ќе треба уште еднаш да ги анализира условите за идниот концесионер и да го прилагоди и промени она што ги исклучи потенцијалните инвеститори кои наводно ги има. Додека Градот ќе ги анализира условите и ќе донесе одлука за нови процедури поврзани со изнајмување на комерцијални содржини на Галеб, ќе продолжи преобразувањето на бродот во музеј.

Реновирањето на Галеб, кој во колективната меморија е запаметен како пловечката резиденција на Тито и тренинг бродот на југословенската морнарица на кој десетици илјади „титови морнари“ поминаа воена обука, започна во 2019 година, но роковите неколкупати беа пробивани поради пандемијата и растот на цените на материјалите и други предвидливи и непредвидливи проблеми бидејќи се работи за „пионерски проект“.

Музејот кој ја тематизира историјата на бродот влезе, во пакет со Шеќерната палата, која е отворена веќе три години, во проектот за ревитализација на културното наследство за туристички цели, финансиран од ЕУ со 85 отсто од средствата.

Бродот Галеб е долг 117 метри и е изграден во 1938 година во Италија и првично сужел за транспорт на банани. Откако накратко беше дел од италијанската трговска флота, беше пренаменет за воени цели. Беше торпедиран и речиси потонато крај Египет, а потоа, по капитулацијата на Италија, премина во рацете на Германците и беше миночистач под името Киебиц.

Меѓутоа, на 25 ноември 1944 година беше потопен од една од бомбите на сојузниците во областа Риека. Во Југославија беше извлечен од дното на морето и обновен, а во 1953 година Тито со него замина во прва државна посета на Велика Британија.

Околу Галеб се градеа и митови, како оние за посета на филмски ѕвезди како Софија Лорен и Ричард Бартон и невидениот луксуз.

Но, при истражувањето на историскиот материјал за идниот музеј, тоа се покажа како неточно – имено, Тито ги примал филмскит ѕвезди на својата јахта на Бриони, а не на Галеб, кој во поголемиот дел од својот живот бил брод на Југословенската воеа морнарица.

Треба да знаете
Последни објави