Search

Тајните на сините зони – ова се местата каде што луѓето живеат најдолго

Авторот Ден Буетнер патувае ширум светот повеќе од една деценија за да ги идентификува локациите каде што луѓето имаат најдолг животен век.

Со помош на National Geographic, Бутнер тргна да лоцира места во кои не само што има висока концентрација на поединци постари од 100 години, туку и групи луѓе кои старееле без здравствени проблеми како што се срцеви заболувања, дебелина, рак или дијабетес.

Буетнер ги овековечил своите наоди во книгата Тајните на сините зони за подолг живот: Лекции од најздравите места на Земјата, пренесува National Geographic.

Темата е и во фокусот на новата серија на Netflix: Live to 100: Secrets of the Blue Zones.

Овие места беа меѓу првите пет по долговечност.

1. Икарија, Грција

Овој остров, на 13 километри од турскиот брег во Егејското Море, има некои од најниските стапки на смртност и деменција во средната возраст во светот. Истражувањата ја поврзуваат нивната зголемена долговечност со нивната традиционална медитеранска исхрана, која е богата со зеленчук и здрави масти и содржи помалку млечни и месни производи.

2. Окинава, Јапонија

Најголемиот остров во суптропскиот архипелаг контролиран од Јапонија, Окинава е дом на најдолговечните жени во светот. Основните прехранбени производи како што се Окинава слатки компири, соја, пелин, куркума и гоја (горчлива диња) им овозможуваат на Окинаванците да живеат долг и здрав живот.

3. Регионот Ољастра, Сардинија

Планинскиот венец на овој италијански остров може да се пофали со најголема концентрација на стогодишници во светот. Нејзиното население консумира ниско-протеинска исхрана, која е поврзана со пониски стапки на дијабетес, рак и смрт кај оние под 65 години.

4. Лома Линда, Калифорнија

Во оваа заедница, некои жители живеат 10 здрави години подолго од просечниот Американец со следење на библиска исхрана со житарки, овошје, јаткасти плодови и зеленчук.

5. Полуостров Никоја, Костарика

Во овој регион на Централна Америка, жителите имаат најниска стапка на смртност во средната возраст во светот и втора најголема концентрација на стогодишници од машки пол. Тајната на нивната долговечност делумно лежи во нивните силни верски заедници, длабоките социјални мрежи и навиките за редовна физичка активност со низок интензитет.

Треба да знаете
Последни објави