Search

Писмото на Ернест Хемингвеј за преживеаните авионски несреќи продадено за 237.055 долари

Писмото напишано од Ернест Хемингвеј во кое ги раскажува неговите ужасни повреди по преживеаните две последователни авионски несреќи за два дена е продадено на аукција за 237.055 долари (187.751 фунти).

Во писмото на четири страници до неговиот адвокат Алфред Рајс, романсиерот пишува и за неговото искуство со пукањето на својот прв лав во Кенија со помош на пиштол што мораше да се држи заедно со леплива лента.

На 23 јануари 1954 година, Хемингвеј и неговата сопруга Мери се приближувале до крајот на сафарито и тргнале на патување со авион за да ги фотографираат водопадите Мурчисон во Уганда. Сепак, Цесната со која летале се урнала кога пилотот се обидел итно да слета за да избегне судир со јато ибиси. Тие ја поминале ноќта во џунглата, а медиумите објавија дека Хемингвеј е мртов. Следниот ден ги презеде брод со туристи и се качија на вториот лет, при кој аавионот се запалил при полетувањето, се урнал и експлодирал. Двојката се здоби со сериозни повреди, од кои Хемингвеј никогаш не се опорави целосно.

Во писмото – напишано на 17 април 1954 година (погрешно датирано како 1953 година) – Хемингвеј објаснува дека: „Има пукнат десен бубрег, а црниот дроб и слезината се повредени“. Тој додаде дека: „Не можев многу да пишувам бидејќи на десната рака прстите беа изгорени до 3-ти степен, а и левата рака исто така беше со изгореници од трет степен, така што не можев да пишувам“.

Тој, исто така, напиша дека е „слаб од толку внатрешно крварење. За состојбата на неговата сопруга, тој известил: „Мери имаше голем шок и нејзиното сеќавање сè уште не е  премногу јасно“.

Писмото излезе на аукциите Нејт Д Сандерс и привлече 12 понуди. Тоа беше централниот дел на збирката од девет писма; друго писмо во кое се содржани ставовите на Хемингвеј за неговиот роман „Да се има и да се нема“ се купи за 6.875 долари.

Треба да знаете
Последни објави