Search

Научниците развија човечки бубрег од свински ембриони со помош на „генетски ножици“

Научниците од институтот во кинескиот град Гуангжу успеаја да развијат бубрежно ткиво со претежно човечки клетки од свински ембриони, што го отвори патот за „производство“ на органи за донирање.

Тимот, предводен од Liangxue Lai од Институтот за биомедицина и здравје, ја објави студијата во научното списание Stem Cell.

Нивната работа зависела од „исклучување“ на гените SIX1 и SALL1 во ембрионите со помош на Crispr/Cas – алатка која често се опишува како генетски ножици.

Тоа значи дека ембрионите не развиле свински бубрег и дека е формирана празнина во која т.н. „плурипотентни“ човечки матични клетки од папочната врвца.

Вака развиените бубрези содржеле повеќе од една третина од свински клетки, што може да доведе до отфрлање во случај на трансплантација, велат научниците, кои нагласуваат дека процедурата допрва треба да се подобри.

Треба да знаете
Последни објави