Search

Милев: Осминафиналето против Италија круна на нашите кариери

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска ќе го одржи официјалниот тренинг во Спортскиот комплекс „Полифлорио“ во Бари, каде утре од 18 часот ќе игра против домаќинот Италија во осминафиналето на Европското првенство.

Еден од најискусните во македонската репрезентација Владо Милев посочи дека дуелот против актуелниот европски и светски првак ќе биде натпревар за уживање и круна на кариерата.

-Денеска ќе тренираме и ќе се подготвуваме за Италија. Во тој натпревар ќе влеземе да уживаме, бидејќи играме против една од најдобрите репрезентации во светот, изјави Милев.

Македонските одбојкари својот историски пласман во осминафиналето го остварија со освоеното четврто место во групата Ц која се одигра во Скопје.

-Во нашите редови сè уште трае еуфоријата од големиот успех што го постигнавме со пласманот во осминафиналето. За нас натпреварот против Италија ќе биде круна на нашите кариери. Италија е меѓу главните фаворити да златниот медал, но наше е да излеземе на теренот и да го дадеме максимумот, додаде Милев. 

Треба да знаете
Последни објави