Search

Меси со историски гол ги отвори квалификациите за Светското првенство

Фудбалерите на Аргентина стартуваа со победа во новиот циклус јужноамерикански квалификации. „Гаучосите“ на домашен терен го победија Еквадор со 1:0. Со минимална победа над Венецуела, во квалификациите стартуваше и Колумбија, додека Парагвај и Перу ремизираа 0:0.

Централниот меч беше меѓу светскиот првак и Еквадор, кој секако го реши Лионел Меси.

Аргентинците долго се мачеа, тешко создаваа шанси бидејќи имаа само три удари кон голот, а еден заврши во мрежата. Во 78. минута Меси ја намести топката и од слободен удар по којзнае кој пат маестрално погоди.

Ова е 104. гол на Меси и 11. од слободен удар во неговиот 176. настап за Аргентина. Меси со овој гол постави неколку рекорди. Тој се израмни со Луис Суарез на првото место на табелата на најдобри стрелци во историјата на јужноамериканските квалификации за Светското првенство. Двајцата постигнаа по 29.

Тој се израмни со Роман Рикелме нпрвото место меѓу најдобрите шутери од слободни удари во историјата на јужноамериканските квалификации за Светското првенство. Меси се израмни со Џејмс Родригез како единствен со четири погодоци за победа од 1:0 во квалификациите за Светското првенство. Конечно, со голот на Меси, Аргентина ја оствари својата најдобра серија во историјата со 22. меч без пораз во квалификациите за Светското првенство.

Треба да се напомене дека Лионел Скалони мечот го започна тимот кој ја освои светската титула, минатиот декември во Катар. Единствено изненадување во стартниот состав беше Николас Гонзалес, кој во вториот дел беше заменет со Анел Ди Марија.

Како домаќин славеше и Колумбија со минимални 1:0.

Колумбијците ја победија Венецуела со голот на Боре во 46. минута.

Треба да знаете
Последни објави