Спасовски на трибина на ГO на Сојузот на борците од НОВ: Со гордост можам да констатирам дека сме дел од генерацијата која се бори за остварувањето на визијата за европска Македонија

о повод Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски  во организација на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОВ денеска се обрати на трибината, со покана од претседателот на Сојузот на борци, Никола Стојановски.

Како што соопштија од МВР, министерот се осврна на значењето на нашиот најголем државен празник, како и на перспективите и предизвиците пред кои е исправена државата.

-Организирањето на денешнава трибина од страна на Главниот одбор на Сојузот на борците од НОВ, во предвечерието на нашиот најголем државен празник – 8. Септември – ден во кој се  испиша нова и величествена страница во историјата на македонската државност,  посветена токму на симболиката на овој датум низ призмата на предизвиците пред коишто во ова време е исправена нашата држава, произлегува од логична, оправдана потреба за постојано преиспитување, анализирање, согледување на правците на општествено движење. Несомнена е потребата и дискусијата сега повеќе од кога било на сите општествени чинители во државата за тенденциите на институционалниот развој, за перспективите што постојат, а за кои е потребно повторно обединување и заедништво кон стремежот да бидеме онаму каде природно припаѓаме – дел од европското семејство, истакна министерот Спасовски.

Тој додаде дека се отворени и креирани огромни можности и потенцијали за натамошно градење и развивање на сите општествени сегменти во државава.

-Денеска слободно и со гордост можам да констатирам дека сме дел од генерацијата која се бори за остварувањето на визијата за европска Македонија, со решавање на отворените прашања со соседите, како клуч за влез и отворање на  ЕУ перспективите. Ова го кажувам бидејќи сите сме сведоци на тоа дека седиме на иста маса со НАТО сојузниците, креираме заеднички политики со европските партнери и ја имаме целосната и недвосмислена поддршка од нашиот најблизок стратешки партнер САД, рече министерот Спасовски, додавајќи дека треба да се операционализираат и внатрешните прашања во однос на економско-социјалните, правно-нормативните, локалните, инфраструктурните, културните и други капацитети и нивниот правец на развој.

Спасовски  изрази благодарност  за поканата до организаторот за оваа  корисна иницијатива на трибината на Главниот и градски одбор на Сојузот на Борците од НОВ,  и го честиташе утрешниот голем празник – Денот на независноста.

-Сојузот на борците е основоположник на македонската држава и се залага државата да ја види во Европската Унија, со меѓусебна соработка и заемна размена од секаков аспект. За остварувањето на овој сон, да биде наша реалност потребно е сите да се вложиме посветено и државнички. Иднината на нашите млади е во ЕУ, изјави потпретседателот на Сојузот на борците, Наум Бурески во неговото обраќање пред присутните. 

Треба да знаете
Последни објави