Search

Николов се врати на унгарската фудбалска сцена

Македонскиот фудбалски интернационалец и поранешен репрезентативец Бобан Николов денеска стави потпис на договор со унгарскиот прволигаш Кишварда. Николов го потврди враќањето на унгарската фудбалска сцена, каде настапуваше во својата кариера за Фехервар од 2018 до 2021 година. Со ова Николов стави крај на периодот без ангажман.

Кишварда во моментов е на десеттото место од дванаесет екипи во унгарското првенство.

Последен клуб на Николов беше ФЦСБ (Стеауа), но таму не ја доби посакуваната шанса, а по првиот престој во Унгарија беше член и на Лече и Шериф Тираспол.

Периодот без настапи и ангажман го оддалечија Николов од националниот тим, па тој не беше повикан и за претстојните натпревари на македонската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави