Search

Литванија преку Словенија стаса да разигрува за петтото место на СП

Литванската кошаркарска репрезентација ќе се бори за петтото место на мундобаскетот откако денеска ја совлада Словенија (100:84). Двете селекции загубија во четвртфиналето и им остана да разигруваат за пласман од 5 до 8. место. Победникот ќе игра за петтото место, а поразениот за седмото.

Словенечката нба-ѕвезда Лука Дончиќ и неговите репрезентативни колеги доживеаја втор пораз во два дена. По вчерашниот од Канада, Словенците денеска немаа решение ниту за Литванија, која стигна до уште еден триумф на ова СП и закажа интересен меч со Летонија.

Валанчијунас со 24 поени и 12 скокови беше најдобар поединец кај победничката селекција, додека Дончиќ реализираше 29 во редовите на Словенија.

Словенија ќе се бори за седмото место против Италија.

Треба да знаете
Последни објави