Search

Во својство на Претседавач со ОБСЕ, Османи се обрати пред унгарските дипломати

Претседавачот со ОБСЕ, Министерот Бујар Османи, денес се обрати пред Амбасадорскиот совет на Унгарија, кој е во организација на Министерството за надворешни работи и трговија на Република Унгарија.

Носечка тема на излагањето беа предизвиците и соработката во рамките на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, во насока на што поскорешно постигнување мир и стабилност на Европскиот континент. Османи ја искористи можноста пред највисоките унгарските дипломати да ги претстави перспективите и предизвиците на процесот на европската интеграција на Северна Македонија, изразувајќи благодарност за исклучителната соработка меѓу дипломатиите на двете земји, особено од аспект на поддршката од страна на претставниците на унгарската дипломатија за нашите предизвици.

Во рамки на работната посета на Будимпешта, министерот Османи оствари и билатерална средба со министерот за надворешни работи и трговија на Република Унгарија Петер Сијарто, каде беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу двете земји, поддршката за нашите европски интеграции, како и сојузништвото во рамките на НАТО.

Треба да знаете
Последни објави