Search

Владата токми деветти пакет анткиризни мерки вредни близу 74 милиони евра

Владата набргу ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки за кои засега има 4,55 милијарди денари, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими на прес-конференција.

Пакетот, како што рече, ќе биде во насока на полесно справување со предизвиците од ценовната и енергетската криза за граѓаните и компаниите.

-Ова значи дека продолжува субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и парното греење во делот на ЕСМ. Има доволно средства, работиме на деветиот пакет антикризни мерки. Дополнително ќе се оди со таргетирање до крајот на годината, за поддршка на најранливите категории, истакна Бесими на прес-конференција во Владата откако информира дека е донесена Одлука за прераспределба на Буџетот.

Треба да знаете
Последни објави