До крајот на оваа недела или најдоцна на почетокот на следната недела ќе биде презентиран Предлог ребалансот на Буџетот на државата, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
Тој, најави и нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните од ценовните шокови.
„Господинот Бесими е при крај со подготовка на предлог ребалансот на Буџетот и најверојатно до крајот на неделава, најдоцна до почетокот на наредна недела и тогаш ќе излеземе и со новиот Буџет и со нови мерки кои ќе бидат во корист на граѓаните“ изјави Бектеши.