Со консултативен состанок денеска почнува со работа работната група која треба да ја утврди висината на минималната пензија.
Како што претходно најави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, на состанокот ќе се разгледуваат сите пристигнати предлози од здруженија на пензионери, од иницијативни одбори на пензионери кои протестираат, партија на пензионери и други чинители.
Работната група доаѓа како одговор на притисокот од здруженија на пензинери кои неделиве протестираат и бараат линеарно зголемување на пензиите од 3 500 денари.