При крај е подготовката на ребалансот на Буџетот

До крајот на оваа недела или најдоцна на почетокот на следната недела ќе биде презентиран Предлог ребалансот на Буџетот на државата, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој, најави и нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните од ценовните шокови. 

„Господинот Бесими е при крај со подготовка на предлог ребалансот на Буџетот и најверојатно до крајот на неделава, најдоцна до почетокот на наредна недела и тогаш ќе излеземе и со новиот Буџет и со нови мерки кои ќе бидат во корист на граѓаните“ изјави Бектеши. 

Треба да знаете
Последни објави