Почнува со работа групата што треба да ја утврди висината на минималната пензија

Со консултативен состанок денеска почнува со работа работната група која треба да ја утврди висината на минималната пензија. 

Како што претходно најави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска,  на состанокот ќе се разгледуваат сите пристигнати предлози од здруженија на пензионери, од иницијативни одбори на пензионери кои протестираат, партија на пензионери и други чинители. 

Работната група доаѓа како одговор на притисокот од здруженија на пензинери кои неделиве протестираат и бараат линеарно зголемување на пензиите од 3 500 денари.

Треба да знаете
Последни објави